Ќе се отворат четири детски игралишта, а во вкупно шест ќе се постават реквизити

11.04.2018

Денес започна поставувањето на реквизити во детското игралиште спроти Судот во Гостивар, а наредните денови ќе бидат поставени реквизити и на пет други локации.

Четири од шесте локации каде што ќе бидат поставени реквизити, се нови детски игралишта, а само две од нив постоеле од порано и сега застарените реквизити ќе бидат заменети со нови.

Детски игралишта се отвораат спроти Судот, кај комплексот на колективно згради во населбата Малеарди, кај комплексот на згради спроти големиот градски пазар и во дворот на Основното училиште “Фаик Коница” – Дебреше.

Старите реквизити ќе бидат заменети со нови во двете детски градинки во градот, каде ќе се уреди и инфраструктурата околу нив.

За уредување на детските игралишта, Општина Гостивар издвои околу 2,3 милиони денари од својот буџет, а работите се очекува да завршат во текот на месецов .

Служба за информирање