Се работи интензивно на изградба на нова водоводна линија во село Балиндол

25.05.2018

Јавното претпријатие “Комуналец” – Гостивар, работи со висок интензитет во реализација на проектот за изградба на нова водоводна линија во село Балиндол, поточно во населбата наречена Стар Балиндол.

Досега е отворен каналот во половина од вкупната должина, а се започна и со поставување на цевководот што ќе се поврзе со главната линија на градскиот водовод во близина на големиот пазар.

“Со новата водоводна линија се зголемува преносиот капацитетот на водата за пиење и се одбегнуваат сите загуби кои ги предизвикува досегашната линија. Се надевам дека жителите на Стар Балиндол, големиот празник Рамазан ќе го дочекаат со вода 24 часа дневно. Новата водоснабдителна линиј е долга 1860 метри и од неа со вода ќе се снабдуваат околу 300 домаќинства”, информира директорот на ЈП “Комуналец”, Исак Лазами.

Инаку, наскоро ќе се работи на подобрување и проширување на водоводната и канализациона мрежа во селата Здуње, Дебреше и Чегране.

Информативна служба