Градоначалникот Таравари ја следеше реализацијата на инфраструктурните проекти

08.08.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари придружуван од неговите соработници, ги проследи градежните работи асфалтирање на неколку улици во градот и во село Форино.

Најпрвин Таравари ги следеше работите во близина на Основното училиште “Гоце Делчев”, каде што се асфалтираат три улици со вкупна должина од над 1000 метри со просечна ширина од 9 метри, каде што даде изјава за медиумите.

“Не се работи само тука, туку се работи на сите страни. Овде станува збор за три улици со должина од над 1.000 метри и широшина од околу 9 метри, а инвестицијата чини над 200.000 евра. Ова се улици изградени уште од седумдесеттите години и оттогаш немало никакви интервенции. Решивме оваа работа да ја завршиме пред почетокот на новата учебна година, а според информациите добиени од компанијата која ги врши градежните работи, во рок од три недели ќе треба сé да заврши”, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Потоа градоначалникот Таравари престојуваше во село Форино, каде што, исто така, ги проследи градежните работи за асфалтирање на две улици во селото. Улици те кои ќе се асфалтираат имаат вкупна должина од над 1.100 метри, а делот кој ќе се асфалтира ќе биде со широчина од 5 метри. Вредноста на проектот е 10 милиони денари.

Кај улиците во градот, моментално се работи во гребењето на постојниот дотраен асфалтен слој, а во Форино се врши тампонирање и подготовка за асфалтирање.

Посетата на село Форино, градоначалникот Арбен Таравари ја искористи и за разговор со жителите од селото и да се запознае одблизу со нивните проблеми и потреби. Жителите на Форино изразија благодарност за заложбата на градоначалникот за подобрување на инфраструктурата во нивното село.

Служба за информирање