Таравари и Ристеми ja промовираа фитнес-зоната во Гостивар

14.08.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарвари и зам.директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, денеска ја промовираа фитнес-зоната во Гостивар.

“Ова е прв пат во овие девет месеци, Владата на Република Македонија да инвестира во општина Гостивар. Му благодарам од се срце на заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми за неговата заложба овој проект да се реализира во Гостивар и да и ние како град имаме ваква фитнес-зона. Се надевам дека соработката ќе продолжи и во иднина. Би сакал да ве информирам дека во рамките на спортско-рекреативниот центар, односно во близина на фитнес-зоната, ќе изградиме тениски игралишта и кошаркарски терен”, изјави градоначалникот Таравари.

Тој, исто така, најави дека опкружувањето ќе се позелени и ќе се засадат дрвја, и редвно ќе се одржува чистотата во овој дел.

“Теренот има димензии од 19,5 со 10 метри, каде се поставени 8 реквизити за лица од над 12 годшна возраст и еден реквизит за лица со хендикеп. Инвестицијата изнесува 35 илјади евра, а Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и со други инвестиции во целата земја, особено во општина Гостивар”, изјави зам/директорот Ристеми.

Фитнес зоната е лоцирана во близина на помошниот градски стадион, односно на локација предвидена за Спортско-рекреативен центар.

Служба за информирање