Заврши уредувањето на стадионот за мал фудбал во Чегране

,

15.10.2018

Најголемото село на општина Гостивар, Чегране, доби совреме стадион за мал фудбал.

Општина Гостивар обезбеди квалитетна вештачка трева, обележување на теренот, пластични седишта и соодветно осветлување, а изведувањето на работите се должи во главно на ангажирањето на Месната заедница на село Чегране.

“Черане доби модерен стадион за мал фудбал, за што ни завидуваат не само селата туку и градовите во регионов. Со вештачката трева обележана според сите стандарди, со 330 пластични седичта за публиката и со соодветно осветлување, младите од Чегране ќе можат да се занимаваат со овој спорт, но, исто така, да организираат и разни активности од локален и регионален карактер”, вели Сабри Бафќари – претседател на МЗ Чегране, истакнувајќи дека реализацијата на овој проект се должи на непобитната посветеност на месната заедница.

Тој му се заблагодарува на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, за поддршката на активностите на месната заедница, но и на локалните жители кои се ставаат на располагање секој според своите можности да помогнат во спроведувањето на разни проекти и сега веќе Чегране личи на урбана средина.

Вреди да се напомне дека Општина Гостивар планира повеќе проекти да спроведе во Чегране во текот на овој мандат, за да се надомести отсуството на инвестиции во ова село во текот на минатитот мандатот, кога иако Чегране е најголемото рурално населено место во општина Гостивар, поради политички причини беше целосно запоставено.

Служба за информирање