Започна вакцинацијата, кастрацијата и чипирањето на бездомните кучиња – Гостивар стана прва општина во Западна Македонија со системско решение на овој проблем

18.10.2018

Започна денес вакцинацијата, кастрацијата и чипирањето на бездомните кучиња фатени на подрачјето на општина Гостивар. Првата интервенција беше изведена денес во Ветеринарната станица Dog&Cat во Тетово, каде што присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Гостивар е прва општина во Западна Македонија, која презема вакви чекори за решавање на овој круцијален проблем, проект кој ќе се заокружи со отворање на Шелтер центар кај поранешната касарна на периферијата на градот Гостивар, кој што за да започне со работа потребно е само добивање на лиценца.

“Како што имавте можност да виите, денес му направивме  третман на првото куче кое е фатено денес вна подрачјето на општина Гостивар од страна на екипата на ЈП Комуналец, при што се ваксинираше, акстрираше и му бече поставен микрто-чип за идентификација кој што воедно покажува дека тоа кучето е третирано и не претставува опасност за околината. Третманот се изврши во Ветеринарната станица која го доби тендерот и поседува лиценца за ваков вид дејност, а во иднина ќе се потрдуиме сите бездомни кучиња од подрачјето на општина Гостивар да ги доенесем тука за интервенција, а наскоро, веднаш по добивање на дозвола за работа од страна на надлежното министерство, ќе го ставимне во функција и Шелтер центарот кој се наоѓа кај поранешната касарна во Гостивар, кој што е целосно подготвен за работа”, изјави за медиумите градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија, Томислав Николовски нагласи исто така дека општина Гостивар е прва општина во Западна Македонија, која го зема за обврска системски да го реши проблемотсо бездомните кучиња и дека неговото присуство денес тука, претставува поддршка за најдобиот начин на решавање на овој проблем.

Поздравувајќи го овој важен чекор на Општина Гостивар, директорот на Ветеринарната станица Dog&Cat, Рами Селмани рече дека со вградувањето на микро-чипови, сигурно ќе се намали носењето на кучињата скитници од другите општини, бидејќи  гостиварските кучиња ќе се разликуваат од другите.

Со преземените чекори од страна на Општина Гостивар и ЈП Комуналец, ќе биде ставена под контрола опасноста кој што постојано се закануваше на безбедноста и здравјето на граѓаните на Гостивар.

Служба за иннформирање