Во понеделник се става во функција вториот стационар за кучиња скитници – ригорозни мерки за спречување на носење кучиња од други општини

20.11.2019

Во просториите на Општина Гостивар, денес се одржа заеднички состанок со претставници на Полициската станица Гостивар, здружението ИГИ и претставници на општинската администрација, на кој беше разгледана моменталната состојба со кучињата скитници и беа донесени одлуки за итни и ригорозни мерки за минимизација на овој проблем.

Во понеделник ќе се стави во функција и вториот стационар за кучиња скитници, благодарение на проектот „Дај ми засолниште за спас“, финансиран од регионалната програма на Западен Балкан, РеЛоАд. Со отворање на овој шелтер центар, ќе се зголеми капацитетот на згрижување на кучиња скитници и со тоа зајакнувајќи ги превентивните мерки, овој повеќегодишен проблем ќе биде ставен под контрола и ќе се намали до максимум.

Од полицијата се обврзаа дека ќе го исполнат барањето на Општина Гостивар за спроведување на строги контроли на сомнителни возила кои можат да носат кучиња скитници од други општини и да покренат прекршочна постапка против сторителите.

Заеднички апел на полицијата, Општината и здружението ИГИ е и граѓаните да дадат свој придонес во овој поглед и да ги пријавуваат ваквите случаи во полицијата, ЈП Комуналец и во Здружението ИГИ, потенцирајќи дека единственото овластено специјално возило превезување. на кучиња на територијата на општина Гостивар, има регистарски ознаки ГВ – 7743 – АД.

Исто така, се повикуваат граѓаните да присовјат кучиња згрижени во стационарот, и со тоа да им озбебедат ним вистински дом и да направат добро дело.

Служба за информирање