Обука за волонтери за дистрибуција на хуманитарна помош

02.04.2020

Ги известуваме сите институции, невладини организации, хуманитарни здруженија и неформални групи кои во моментот дистрибуираат или планираат да дистрибуираат хуманитарна помош за време на пандемија во поширокиот Гостиварски регион (општините: Гостивар, Врапчишите и Маврово-Ростуше) да делегираат свои волонтери кои ќе поминат низ кратка обука за безбедно спроведување на дистрибуцијата на помошта.

Обуката ќе се одржи утре во 12:00 часот во салата на Советот на општина Гостивар а ќе ја спроведат експерти од Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје.

Исто така, информираме дека во рамките на Регионалниот кризен штаб – Гостивар, веќе функционира Координативен одобор за дистрибуција на помош и за какви било активности преземени надвор од нејзините рамки, одговорноста ќе ја сносат самите правни и физички лица.

Регионален кризен штаб – Гостивар