Општина Гостивар ги поканува субјектите кои ќе работат во текот на викендот да добијат лиценца за работа

Крзиниот штаб на општина Гостивар ги покани сите оператори, конкретно супер-маркети и аптеки кои преку нарачки преку on-line ќе работат и дистрибуираат производи на граѓаните за време на викендот кога движење то e ограниченo 24 часа, да се јават во крзиниот штаб да за добијат дозвола за работа.

Заинтересираните субјекти можат да аплицираат најдоцна до утре во 12:00 часот, бидејќи општина Гостивар до 15:00 часот следниот ден треба да ја известат локалната полиција за компаниите што ќе дистрибуираат храна и лекови на граѓаните.

Општина Гостивар им стави на располагање на граѓаните и два телефонски броја, каде што ќе може да се јават за потребните продукти да ги дистрибуира општинскиот мобилен тим, додека трошоците ги покрива самиот граѓанин. Истата работа е овозможена и од мобилната услуга на општинската организација на Црвен крст во Гостивар.

На сите членови на овие тимови им е стручно наложено да ги извршуваат своите должности успешно.

Ве молиме, доколку е потребно, контактирајте ги броевите наведени подолу:

072 577  713 & 072 577 741

Доколку има итна здравствена потреба, граѓаните можат да се јават во полицискиот број 192, но можат и веднаш да одат кај лекар, додека полицијата потоа ќе ја направи идентификацијата.