Гостивар меѓуопштински штаб ќе му предложи на Централниот кризен штаб, олеснување на мерките

28.04.2020

Меѓуопштинскиот кризен штаб – Гостивар, денеска го одржа својот дванаесетти состанок, на кој релевантните институции известуваа за актуелната состојба со пандемијата „Ковид-19“.

Во гостиварскиот регион регистрирани се 3 нови случаи (во послединте два дена) на инфектирани со “Ковид-19“, со што вкупниот број заразени се покачи  на 17.

„За жал, имаме еден починат, излечени се 6 и имаме 10 активни случаи, од кои 6 во општина Гостивар и 4 во општина Врапчиште, додека вкупно се тестирани 202 лица“, информираше градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, во својство на претседател на Меѓуопштинскиот кризен штаб.

Тој подвлече дека ситуацијата е релативно стабилна, но дека претпазливоста на граѓаните и почитувањето на препораките од владата треба уште повеќе да се зголемат, особено по олеснувањето на мерките за изолација.

Една од препораките што произлегоа од денешниот состанок беше да му се предложи на Централниот штаб, полицискиот часо во работни денови да започне во 21 часот, а во викенди и државни празници од 15 часот.

Исто така, градоначалникот Таравари предложи кафеаните да работат според моделот „Земи и оди„ (шалтерка форма), исто како локалите кои продаваат храна.

Служба за информирање