Таравари: Ситуацијата со Ковид-19 е многу стабилна, предлагаме олеснување на рестриктивните мерки

05.05.2020

Во Горнi Полог, односно во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуша, има само 3 активни случаи со „Ковид-19“. Од вкупно 17 случаи регистрирани од вкупно 225 тестирани лица, 12 се излечени додека 2 лица починале. Од активните случаи, 2 лица се од општина Гостивар (Гортна Бањица) и 1 лице од општина Врапчиште (Градец), а нивната состојба е доста стабилна.

Овие податоци денес ги изнесе градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на 13-тиот редовен состанок на Меѓуопштинскиот кризен штаб, оценувајќи ја состојбата со Ковид 19 како мошне стабилна.

Во својство на претседател на меѓуопштинскиот штаб, Таравари рече дека ќе му предложи на Централниот штаб да ги олесни рестриктивните мерки, односно полицискиот час во работни денови да започне од 23:00 часот, а во неработни денови од 19:00 часот.

„Очекувам владата да го официјализира заклучокот број 6 од состанокот во четвртокот, каде се вели дека кафетериите имаат право да работат во форма Takе&go, значи преку шалтер, исто како што се служи и храна, слатки или други пијалоци. Од почетокот ме чуидеше тоа  што само кафето не е дозволено да се продава, додека сè друго, вклучително и топли јадења, е дозволено, кога се знае дека за разлика од подготовката на јадења, кафето се вади директно од апарат“, подвлече Таравари.

Претставници од сите институции известија дека состојбата е стабилна и дека успешно се управува, а заедничка констатација беше дека како што ќе се олеснат рестриктивните мерки, така треба да се згиолеми и претпазливоста и свеста на граѓаните, за да не ни се врати пандемијата.

Наредниот сотанок е закажан за вторник во 11 часот.

Служба за информирање