Општина Гостивар обезбеди нова и модерна опрема за градските градинки

,

22.05.2020

Општина Гостивар опреми две јавни детски градинки во градот со нов мебел и прибор.

На промовирањето на новата опрема присуствуваше и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и неговите соработници, кој што истакна дека вредноста на оваа инвестиција е околу 155 илјади евра.

„Договорот за опремување на овие градинки беше потпишан во декември минатата година и го реализиравме во рекордно време, значи за три месеци, конкретно до март оваа година. Вредноста на инвестицијата достигнува околу 155.000 евра, пари обезбедени од Светската банка, преку проектот Зрижување наа децата од предучилишна возраст во градинките“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој најави дека благодарение на овој успешен проект, Општина Гостивар  од Светската банка доби исто така и грант од 30.000 евра, со кои пари ќе започне нов проект во текот на наредниот месец.

Новата опрема се состои од елементи за кујните во градинките, клупи, маси, легла и нагледни средства.

Претходно, Општина Гостивар реализираше други инвестиции во овие два објекти, реновирајќи ги нивните покриви и внатрешните простории со средства обезбедени од општинскиот буџет.

Вреди да се спомене дека Општина Гостивар изминативе години преку проектот за подобрување на општинските услуги од страна на Светската банка има добиено средства во висина од 1,5 милиони евра.

Служба за информирање