Гостивар, продолжува дезинфекцијата на колективните згради

Продолжуваме со дезинфекција на колективните станови во Гостивар. Оваа мерка, која започна во средината на март оваа година, продолжува до ден-денес како превенција за вирусот корона на барање на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

“Дезинфекцијата ја врши јавното претпријатие „Јавни паркинзи и зеленило“ и ги вклучува сите влезови на зградите, ходниците со скали и влезната врата на становите. За оваа услуга во ЈП „Јавни паркинзи и зеленило“ е формиран специјален тим за извршување на дезинфекција”, се наведува во сопштението на општина Гостивар.

Постапката се спроведува во соработка и по барање на самите жители, особено во оние објекти каде е потврдено дека имало или има жители со Ковид 19.

Бараме граѓаните да побараат од наша страна помош, конкретно да се дезинфицираа во нивните влезови или колективно станови каде живеат, а каде има позитивни случаи со вирусот корона.