Средба Таравари – Бертолини, разгледани можностите за придобивки од Европски фондови за развој.

31.08.2020

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска во својот кабинет го прими раководителот на Одделот за соработка во Европската делегација, Никола Бертолини.

Таравари го информираше Бертолини за достигнувањата и предизвиците со кои се соочува општина Гостивар во овие неполни три години од новото општинско раководство.

Од друга страна, Беротилини го извести градоначалникот Таравари за јавните повици за Европските фондови за развој. и можностите Општина Гостивар да аплицира за истите, со посебен акцент на проекти поврзани со подобрување на статусот на ромската заедница.

На средбата присуствуваа и Валбон Лимани – шеф на кабинетот на градоначалникот и Афердита Хамза – одговорна за социјални прашања при општина Гостивар, како и претставници на ромската заедница.

Служба за информирање