Училишните директори назначени поради нивната професионалност, а не поради партиската припадност

,

29.11.2017

Му благодариме на огранокот на ДУИ во Гостивар што е загрижен за тоа како ги вршиме работите ние во Општината. Само што овие од ДУИ се заложници на минатото и со оглед на тоа дека во нивно време нивните одлуки ги носеше само еден човек, мислиме дека автократија продолжува! Не! Имаме добри вести и за ДУИ. Одлуките кај нас не се носат само од страна на градоначалникот, г. Арбен Таравари, туку од сите надлежни лица овластени со закон, заедно со градоначалникот. Заврши времето на диктаторите! Во овој контекст, ја информираме загрижената јавност на ДУИ, дека сите активности за вработување се преземени во согласност со професионалноста, а не како во изминатиот период кога на луѓето им се гледаше партиската припадност, а не професионалната квалификација.

Иако во Гостивар сите се знаеме едни со други, по се изгледа овие од ДУИ не знаат дека г-ѓа Шпреса Усеини не е претседател на Форумот на жени на Алијансата за Албанците, што би било чест и задоволство доколку беше, бидејќи оваа дама е учителка која работи повеќе години, со висока стручност во Основното училиште “Исмаил Ќемали” и беше колективот на ова училиште што предложи таа да биде на оваа функција оваа институција.

Претседател на Форумот на Жените на Алијансата за Албанците е г-ѓа. Афердита Мислими Хамза, за која сме горди што е во редовите на нашата група. Така што, огранокот на ДУИ во Гостивар, за секоја нејаснотија може да контактира со одговорните лица во Општината, за да наредниот пат не испаднат лажговци.

Ви благодариме,

Општина Гостивар – Служба за информирање