Општина Гостивар издвоји 10.000 денари за првото бебе родено во 2021 година

06.01.2021

Претставници на општина Гостивар, денеска ја посетија во својот дом брачната двојка Албина и Веби Салиу, односно родителите на првото бебе родено во 2021 година во Гостивар.

Во оваа пригода, за нивната ќерка, која е и прво дете во семејството Салиу, им беа доделени 10.000 денари, како и други подароци.

“Женско беше бебето кое прво дојде во светов заедно со Новата година. Девојчињата, велат, се добар знак и носат бериќет. Таква нека биде и  2021 година! Честитки до семејството Салиу и сите други кои станаа родители деновиве!“,изјави при посетата Афердита Хамза, раководител на Секторот за социјални прашања при Општина Гостивар.

Семејството Салиу изрази благодарност за оваа изненадувачка посета, со објаснување дека нивната ќерка се роди утрото на 1 јануари 2021 година во 09:52 минути.

Малата Азах и нејзината мајка се во добра состојба и потполно здрави.

Служба за информирање