Прес-конференција: “Претседателот не доаѓа ниту на седниците кои самиот ги свикува“

27.12.2017

Советниците кои во Советот на Општина Гостивар не претставуваат мнозинство, организираа денеска во Прес центарот на Општината конференција за печат, при што на новинарите, во името на советничките групи на Алијансата за Албанците, Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, ТДП, ТМБХ, им се обрати општинската советничка Њомза Шаќири.

Во продолжение ви го претставуваме интегрално нејзиното обраќање:

Почитувани претставници на медиумите,

Ја организираме оваа прес-конференција за да ja запознаеме јавноста со следново:

Согласно свикувањето од страна на Претседателот, на седница на Советот на Општина Гостивар за 2017/12/27 (значи денес) со почеток во 10:00 часот, а иницирана од градоначалникот Арбен Таравари, советниците од редовите на партиите на Алијансата за Албанците, Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, ТДП и ТМБХ, со оглед на важноста на точката на дневниот ред за оваа седница, како што можете да забележите се одѕваа на повикот.

Иако самиот ја свика седницата, претседателот на советот г.Насир Муслиу не ја почитува истата, како и другите советници од редовите на ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и Демократскиот Сојуз на Ромите.

Поради фактот што немаме кворум за донесување на правосилни одлуки, денешната седница не може да се одржи.

Вреди да се спомне дека претходно имаше договор меѓу градоначалникот и претседателот на Советот, на оваа седница барем да се расправа по предлог-буџетот на Општина Гостивар и советниците ги добиле потребните материјали за седницата, неспроведувањето на овој договор ќе се одрази со голем број бариери во функционирањето на Општина Гостивар, меѓу другото, со неизвршување на инвестиции, немање нови вработувања итн.

Општина Гостивар е единствена општина каде што победи слободната волја на граѓаните, така што гласачите не го заслужуваат ова занемарување и понижување што им ги прават одредени структури.

На новинарите им беа поделени и материјалите кои во определениот законски рок име беа доставени на општинските советници: Дневен ред и Предлог-буџет за 2018 година.

ДОКУМЕНТАЦИИ:

Rendi i dites – seanca II-Дневен Ред сед.II

Предлог Буџет-mak. 2018

Propozim Buxhet 2018

Служба за информирање