Работилница за територијален план за вработување

11.12.2017

Општина Гостивар во соработка со УНДП, организираа денес работилница на тема: Територијален план за вработување во општина Гостивар, која има за цел креирање на стратегија за инклузивно вработување во оваа општина.

На работилницата присуствуваа претставници од Општина Гостивар, образовните институции, невладините организации, Центарот за социјални работи, Центарот за вработување, успешни бизнисмени и други, а на присутните им се обрати градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

“Невработеноста е круцијален проблем за највиталниот дел од општеството и тоа резултира со масовно иселување на нашата младина. Гостивар зазема второ место на ниво на државата во однос на емиграција на младите во Западна Европа и прекуокеанските земји. Треба да направиме cé за да престане овој тренд, затоа Општина Гостивар ќе соработува на ниво на партнерство со УНДП и со сите други организации кои се занимаваат со оваа проблематика и асистираат во оваа област”, истакна Таравари.

Наодите и препораките од евалвацијата на Територијалниот план за вработување (ТЕП) во општина Гостивар, ги презентираше консултантот Висар Адеми – експерт по економија.

Служба за информирање