Учениците од Чегране организираа “Годишен пазар”

,

28.12.2017

Учениците, родителите и наставниците од Основното училиште “Перпарими” ја реализира активноста наречена “Годишен пазар”, при што заеднички имаа подготвено традиционални јадења и творби, кои беа изложени за продажба на пазарот.

Директорот на училиштето, Блерим Амети вели дека целта на оваа активност е да се мотивираат учениците, во соработка со родителите и наставниците да се едуцираат за тимска работа и градење на вештини за претприемништво.

“Ние како управа, заедно со наставниот кадар на училиштето максимално се ангажираме да организираме што повеќе воннаставни активности, бидејќи сметаме дека ваквите активности се можеби и поважни од редовната настава, затоа што на овој начин учениците се социјализираат и се оспособуваат за живот. Со дополнителни активности, учениците ја избегнуваат можноста да станат жртви на девијантните појави кои се јавуваат во општеството. Со конкретната активност, имаме за цел да ги мотивираме учениците, да во соработка со родителите и наставниците, се едуцираат за заедничка работа и градење на нивните вештини за претприемништво”, вели директорот Блерим Амети.

Од учичиштето велат дека имаат за цел оваа активност да стане традиционална и да се одржува еднаш годишно.

Служба за информирање