Градоначалникот Арбен Таравари го посети Форино – најави почеток на реализација на два капитални проекти

2018/01/12

Градоначалникот на Гостивар, во придружба на негови соработници, го посети денеска селото Форино, каде што по петочната молитва, разговараше со жителите.

“Како што знаете, редовно во вторниците примам граѓани во канцеларија, а од денес почнуваме секој петок да посетуваме разни села и населби во општина Гостивар, за да разговараме со локалните жители за сите ветувања дадени пред и за време на кампањата. Ќе ги евидентираме повторно и ќе разгледаме што и како можеме да оствариме, односно ќе преземеме конкретни чекори за нивно остварување”, истакна Таравари.

Жителите на село Форино го му ги искажаа на градоначалникот проблемите од разни области со кои се соочуваат.

“Од предизвиците со кои ќе се соочиме за подобрување нa квалитетот на животот и локалниот развој во село Форино, приоритет ќе биде даден на реконструкцијата на патот Чајле-Форино. Реализацијата на градежните работи на овој патен правец ќе започне многу брзо, благодарение на еден грант. Додека втор приоритет е асфалтирање на една улица во внатрешноста на селото”, информира градоначалникот Таравари.

Градоначалникот на Гостивар, исто така, објави дека следниот петок ќе ја посети населбата Ново Мало во градот Гостивар. Две недели подоцна, ќе се сретне жителите на село Горна Бањица.

Вакви посети ќе се реализираат во главно по петочната молитва.

Служба за информирање