Се тампонира една улица во населба Млаки

,

15.01.2018

Јавното претпријатие “Комуналец” спроведува проект во населбата Млаки, каде што се врши нивелирање и тампонирање на една улица.

“Улицата е долга 180 метри и широка 3,5 метри. Жителите на ова населба се соочуваа со кал и прашина, и беше нивно барање да се интервенира како привремено решение со поставување на тампон на оваа улица”, истакнува директорот на ЈП “Комуналец “- Гостивар, Исак Лазами.

Проектот целосно е финансиран од страна на ЈП “Комуналец”.

Служба за информирање