Градоначалникот Арбен Таравари го пречека амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река

22.02.2018

Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, престојуваше за официјална посета во општина Гостивар, и по овој повод беше пречекан од страна на градоначалникот Арбен Таравари.

Во една срдечна и пријателска средба, градоначалникот Таравари го запозна амбасадорот Река со предизвиците со кои се соочува новото општинско раководство, како и со постигнатите успеси преку имплементација на еден нов пристап на раководење во овие три-четири први месеци на мандатот.

“Ми претставува задоволство и чест денеска да го пречекам амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река. Разговаравме за сите проекти кои што ние како општина Гостивар може заеднички да ги оствариме со општините од Република Албанија. Нашите односи се коректни и ние ќе се обидеме заеднички да го направиме најдоброто за граѓаните на двете земји во текот на следните четири години”, рече Таравари во неговата изјава за медиумите.

Бидејќи ова беше првата посета на Албанскиот амбасадор во општина Гостивар после локалните избори, Река му го честиташе на Таравари преземањето на градоначалничката функција, и му посака успешна работа, уверувајќи го за поддршка и продлабочување на соработката меѓу општините од Македонија и Албанија.

“Ми претставуваше посебна чест, да денеска бидам гостин на г-дин Таравари. Дојдов да му ја честитам новата задача и да разговарам за зголемување на ефикасноста на привлекување и спроведување на европските фондови. Го уверив г-дин Таравари дека ние ќе го поддржиме во сите иницијативи во корист на граѓаните. Верувам дека како и во претходните задачи, г. Таравари ќе има успеси и во функција на градоначалник на Гостивар”, рече амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река.

Таравари го информираше амбасадорот за формирањето на Унијата на албански општини, чиј центар ќе биде во Тирана. Работниот тим на оваа Унија ќе биде составен од претставници на сите албански центри. Задачата на Унијата ќе биде користењето на ИПА фондови за регионална соработка на албанските општини од Македонија, Косово и Албанија, преку конкретни проекти.

Вреди да се истакне дека општина Гостивар, во рамките на Програмата ИПА за преку – гранична соработка, реализираше заеднички проект со Општина Корча, додека намерата е да се воспостави директна соработка и размена на искуства со повеќе општини од република Албанија.

Центар за информирање