Се исече дрвото во фаза на распаѓање покрај патот до Лакавица

,

14.02.2018

На барање на жителите на селото Лакавица, тимовите JП “Паркинзи и зеленило” го отстранија старото дрво кое стои покрај патот што води до селото.

Инженерите на претпријатието откриле дека старото дрво е во фаза на распаѓање и дека не може да се одржува и дека е неопходно да се пресече, бидејќи претставувало потенцијална опасност за минувачите и возилата.

Служба за информирање