Градоначалникот Таравари ја посети словенечката општина Љутомер – се иницира збратимување на двете општини

02.03.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на 28 февруари, престојуваше во Словенија, при што  ја посетија општина Љутомер, каде што беше пречекан од страна на зам.градоначалникот, Боро Земљак.

Целта на оваа посета беше да се дознае повеќе за проекти кои се однесуваат на третман на отпадните води и  управување со комунален отпад, како и да се искористиогромното искуство на Општина Љутомер во аплицирањето за ЕУ фондови.

Претставниците на двете општини се согласија средношколци од двата града да остварат меѓусебни посети.

Градоначалникот Таравари и зам.градоначалникот Земљак изразија интерес и за збратимување на двете општини, а се очекува наскоро да започнат и соодветните постапки.

Таравари и Земљак разменија подароци со градски симболи.

При посетата на словенечката општина Љутомер, градоначалникот Таравари го  придружија шефот на неговиот  кабинет, Сеадин Ејупи, раководителот на Канцеларијата за локален економски, Бесим Догани и професорот Абдулади Салмани кој воедно е и иницијатор на збратимувањето на Општина Гостивар со оваа словенечка општина.

Служба за информирање