Градоначалникот на Акисар и неговите соработници ја посетија Општина Гостивар

13.04.2018

Градоначалникот на општина Акисар од Република Турција, Сали Хизли, во придружба на неговите соработници, денеска ја посети општина Гостивар, каде што беше пречекан од градоначалникот Арбен Таравари и членовите на неговиот кабинет.

“Во општина Гостивар, според последниот попис, живеат над 82.000 жители, каде што мнозинството население го сочинуваат Албанците, а потоа следат Македонците, Турците и Ромите. Етничките заедници во Гостивар живеат во одлична слога, особено Албанците и Турците, кои во главно го познаваат јазикот едни на и празниците, свадбите и погребите ги прават заедно. Гостивар и Акхисар се две збратимени општини и соработката која што датира од поодамна, сигурно ќе ја продлабочиме и прошириме на повеќе области”, рече Таравари на средбата во салата на Советот на Општина Гостивар. поканувајќи ги членовите на делегацијата да се чувствуваат како во свој град за време на престојот во Гостивар.

И градоначалникот на Акхисар направи кратка презентација на општината со која раководи веќе три мандати.

“Општината Акисар има околу 170.000 жители и 109 населени места. Во последниве години имавме голем економски, социјален и културен развој. Но, во Гостивар не доаѓаме само да ги кажеме нашите искуства, туку и да научиме од вашите искуства. Би сакале да не посети широка делегација од Општина Гостивар како што ние ве посетуваме, а за тоа наскоро ќе ви пратиме и официјална покана”, истакна меѓу другото г. Хизли.

Инаку, делегацијата од општината Ахисар е составена од раководители на сектори во општината и неколку општински советници. За време на престојот во Општина Гостивар се разви широка дебата, при што двете страни одблизу се информираа за успесите и предизвиците на соодветните општини и разменија позитивни искуства.

Градоначалниците Таравари и Хизли разменија подароци кои ги симболизираат општините кои што ги водат, а средбата заврши со пригоден коктел.

За време на престојот во Гостивар, делегацијата од Ахисари ќе ги посети ОУ “Мустафа К. Ататурк”, гостиварското муфтсиство и знаменитости од културното наследство на градот.

Служба за информнирање