Делегација од Коџаели ја посети општина Гостивар

18.05.2018

Делегација од општина Картепе на градот Коџаели (Република Турција), предводена од заменик-градоначалникот Абдула Јилмаз ја посети општина Гостивар каде што беше примен од страна на градоначалникот Арбен Таравари.

Градоначалникот Таравари ги запозна гостите од Турција со актуелната состојба во општина Гостивар и традиционалното пријателство со турската држава и турските општини.

Заменик-градоначалникот Јилмаз го запозна градоначалникот Таравари со  нивната идеја, на 4 август и 5 во Гостивар да се одржи фестивал насловен “Заборавени вредности”, на кој ќе бидат промовирани традиционалните и фолклорни вредности на двете пријателски општини.

На средбата беше договорено фестивалот да се реализира, и истиот ќе биде финансиран од страна на Унијата на турски општини во светот , а ќе се спроведува во соработка со Општина Гостивар. За координатор беше избран Геѕим Хаџиејуп, вработен во Општина Гостивар.

Инаку, ова ќе биде четврт фестивал од ваков вид, конкретно втор по ред што ќе се одржи воземјите од Западен Балкан.

Служба за информирање