Поставени рефлектори во фудбалското игралиште во Старо Чајле
17.05.2018
Во низата на активностите на Општина Гостивар за подобрување на квалитетот на животот и поттикнувањето на младите за занимавање со спортски активности, во фудбалското игралиште во Старо Чајле се поставија рефлектори.
Жителите на село Чајле изразуваат задоволство од оваа инвестиција на Општина Гостивар и велат дека сега овој спортски терен е комплетен и ќе може да се користи и во свежите летни вечери кога младите обично се занимаваат со спортски активности .
Вреди да се спомене дека Општина Гостивар помага и во изградбата на фудбалскиот стадион во село Балиндол.
Служба за информирање