Ќе се прошири и реасфалтира една улица во село Дебреше. Почетокот на работите го проследи градоначалникот Таравари

30.08.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, одблизу го следеше почетокот на градежните работи за проширување и реасфалтирање на дел од една улица во горниот дел на селото Дебреше.

Улицата, која ќе се прошири и реасфалтира има должина од околу 200 метри, моментално е широка околу 3 метри, а по реконструкцијата ќе добие широчина 4,20 метри, доволна ширина за непречен сообраќај во двете насоки.

“Беше барање на жителите на село Дебреше, бидејќи овој дел од улицата беше доста оштетен и тесен, а е доста фреквентен. Покрај тоа, ќе се асфалтира и паркингот на селската џамија во оваа населба. Со реализацијата на овој проект, ние всушност ќе ги заокружиме планираните инвестиции за оваа година во областа на инфраструктурата, односно водоснабдување, канализација, асфалтирање како и асистенција на активности преземени од страна на Месната заедница на селото”, истакна Таравари.

Жителите на селото Дебреше, изразија благодарност за досегашните инвестиции на Општина Гостивар во нивното село и за одржаните ветувања од страна на градоначалникот Арбен Таравари.

Служба за информирање