ИЗВЕСТУВАЊЕ

06.08.2018

Се известуваат граѓаните дека на 08.08.2018 година (среда) со почеток во 09:00 часот ќе започнат градежните работи за реасфалтирање на улиците околу ОУ “Гоце Делчев” – Гостивар.

Поради природата на работите, за одреден временски период, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде во прекин.

Истиот ден, значи среда, ќе започнат градежните работи за асфалтирање на две улици во село Форино, од кај мостот на реката Јахорка и од кај Мектебот во правец на нивите, каде што сообраќајот ќе биде слободен, но ќе се одвива во отежнати услови.

Се молат граѓаните за разбирање и внимание.

Служба за информирање