Поставена вештачка трева на теренот за мал фудбал во Чегране

17.08.2018

Во продолжение на напорите на Општина Гостивар, за да покрај инвестиции во инфраструктурата да се инвестира и во проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, како што се културата, спортот и рекреацијата, деновиве беше поставена вештачка трева на теренот за мал фудбал во Чегране.

Општина Гостивар одвои од својот буџет 1.750.000 денари за набавка и поставување на вештачка трева од висок квалитет, на две терени за мал фудбал во Чегране и Балиндол.

“Сега кога веќе завршија работите во Чегране, ќе следи уредувањето и на теренот во Балиндол. Вреди да се напомене дека покрај поставувањето на вештачка трева на теренот за мал фудбал во Чегране, поставено е и соодветно осветлување, а извршени се и други дополнителни работи за да теренот ги исполнува сите потребни стандарди “, вели Јасин Демир – портпаролот на општина Гостивар, кој воедно им посакува на младите од село Чегране што подолго да го користат истиот и да се грижат за него како за нивна приватна сопственост.

Служба за информирање