Вистински празник љубителите на книгата, отворен Саемот на книгата “Гостивар 2018”

,

26.11.2018

Со прикодна церемонија, денес свечено беше отворен саемот на книгата “Гостивар 2108”.

Ко-организатори на саемот, кој во ваков формат по првpат се одржува во Гостивар, се Општина Гостивар и Здружението на албанските издавачи во Македонија.

Во присуство на стотици посетители во спортската сала “Младост”, пригоден говор одржа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој, меѓу другото, истакна дека најдобар начин за да се развиве имагинацијата е читањето, па затоа апелираше до секој посетител да си купи барем една книга.

“Ви сакал како лекар, невролог, да испратам порака. Најдобар начин за развој на имагинацијата е читањето книги. Се надевам дека граѓаните на Гостивар и поширокиот регион масовно ќе го посетат саемов и дека ќе си купат барем една книга. Да ги избегнуваме што повеќе мобилните телефони и таблетите и да посветиме повеќе време за читање, особено помладите генерации “, подвлече градоначалникот Таравари.

Саемот на книгата “Гостивар 2018” ќе биде отворен три дена, односно до среда. Ќе се претстават 14 издавачки куќи од Македонија и Албанија, со книги на албански и странски автори, современи и класични книжевни дела, стручна и научна литературата, белчетристика, училишни лектири, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста, наменети за сите возрасни групи.

Служба за информирање