Саем на книгата “Гостивар 2018” под покровителство на Општина Гостивар

17.11.2018

На 26, 27 и 28 ноември во спортската сала “Риниа“ ќе се одржи Саемот на книгата “Гостивар 2018”. Саемот го организира Општина Гостивар во соработка со Здружението на албански издавачи – Македонија.

На оваа изложба ќе бидат претставени околу 14 издавачки куќи од Македонија и Албанија, со книги на албански и странски автори, современи и класични книжевни дела, стручна и научна литература и белетристика, лектири, енциклопедии и книги од областа на културата и уметноста, наменети за сите возрасни групи.

Саемот ќе биде посебен по тоа што во негови рамки ќе се одржи изложба со цртежи од деца кои ќе им се донираат на издавачките куќи, музички настан за млади, како и класичната музика.

“Го организираме овој саем во соработка со Здружението на албанските издавачи во Македонија, за да ги сензибилизираме посебно младите луѓе и да испратиме порака дека и покрај тоа што живееме во време на напредна технологија, читањето книга е незаменливо. Ги поканувам граѓаниоте да станат дел од овој саем, кој за прв пат се организира под покровителство на Општина Гостивар и кој ќе биде мошне богат со книги “, вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Здружението на албански издавачи очекува овој саем да го посетат не само жителите на Гостивар, туку и од други општини од Западна Маеклдинија, од Куманово до Струга.

Свеченото отворање на саемто ќе се одржи на 26 ноември (понеделник) во 12:00 часот.

Служба за информирање