Успешен почеток на Културно лето Гостивар 2019 – реализиранои два проекти со повеќе активности

25.07.2019

Културното лето Гостивар 2019, кое и годинава го држи истото мото “Добредојдовте иселеници”, започна вчера со два проекта, при што се спроведоа низа културни и спортско-рекреативни активности.

Во текот на денот се одржа “Fly, bike and hike”, проект на Амбасадата на Обединетото Кралство и Амбасадата на Крачлството Холандија со поддршка од Општина Гостивар, при што имашеше летање со параглајдер над село Чегране, марш со велосипеди од општинската  зграда до филтер-станицата во Вруток, како и пешачење во природа покрај реката Вардар од Вруток го градот.

 

“Fly, bike and hike”, е активност во рамките на проектот “Зајакнување на одржливоста против насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија”.


Во активностите се вклучи и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во придружба на британската амбасадорка Рејчел Галевеј и заменик-амбасадорот на Холандија Андри Ван Менс.

На вечер младите од Гостивар имаа можност да се забавуваат на градскиот плоштад под музичките звуци на нивните врсници  на концертот насловен “New Stars are Coming”, каде што настпија пејачи од различни етничка припадност, во организација на Младинскиот совет на општина Гостивар.

Вечерва на програмата е активноста насловена “Спортот не обединува” која ќе се одржи во спортската сала “Риниа”, со почеток во 18:00 часот, со учество на деца со посебни потреби.

Служба за информирање