Во Гостивар се промовиравше основањето на Здружението на родители со аутизам “Blue Puzzle”.

Општина Гостивар даде огромен придонес во последниве две години во насока на помагање на лицата со попреченост и децата со аутизам. Така ќе продолжиме и во иднина.

На родителите на децата со аутизам од нашиот град им ветив дека наскоро ќе го отвориме и првиот Центар за лица со аутизам и пречки во развојот.

Се предвидува центарот да биде сместен во објектот на поранешниот колеџ “Јахја Кемал” во Гостивар и ќе биде прв центар од ваков вид во регионот.

Ваквиот центар беше наше предизборно ветување и верувам во нашите капацитети, што побрзо истиот да почне со работа. Неговата реализација би била најголемата работа направена во текот на четиригодишниот мандат. Тоа ќе биде најдеполитизирана имституција во земјава.