Безбедни практики на Рамазан во контекст на KОВИД-19

Привремена препорака

15 април 2020 година

Информација

Светиот месец Рамазан се обележува со социјални и религиозни собири каде муслиманските семејства и пријатели се здружуваат за да го прекинат постот заедно после зајдисонцето, за ифтар или пред зори за суфур. Многу муслимани ги зголемуваат нивните посети во џамиите во текот на месецот и се собираат на подолги молитви, за време на теравијата a и молитви во текот на ноќта. Некои муслимани исто така минуваат денови и ноќи во џамијата во последните 10 дена од Рамазан (I’tikaf) за молитва. Овие традиционални и верски практики редовно се следат во текот на целиот месец. Оваа година Рамазан започнува кон крајот на месец април и завршувакон крајот на месец мај, додека трае пандемијата COVID-19.

COVID-19 лесно се пренесува преку близок контакт помеѓу луѓето бидејќи вирусот се шири преку респираторни капки и контакт со контаминирани површини. За да се ублажи влијанието врз јавното здравство, некои земји имаат спроведено мерки на физичко растојание насочени кон прекин на преносот со намалување на интеракцијата меѓу луѓето. Овие мерки се основни механизми за контрола на ширењето на заразни болести, особено респираторните инфекции, поврзани со големи собири на луѓе. Мерките за физичко дистанцирање, вклучително и затворањето на џамиите, следењето на јавните собири и другите ограничувања на движење, ќе имаат директни импликации врз собирите во социјалните и верските центри за време на месецот Рамазан.

Цел

Земјите ширум светот преземаат различни мерки за да го контролираат ширењето на COVID-19. Овој документ ги потенцира советите на јавното здравство за социјалните и религиозните практики и собири за време на Рамазан кои можат да се применат во најразлични национални контексти.

Информирано донесување одлуки за спроведување религиозни и социјални собири

Ограничувањето на социјалните и верските собири треба да се сфати сериозно. Затоа, СЗО препорачува, да секоја одлука за ограничување, менување, одложување, откажување или продолжување на одржувањето или масовното собирање на населението, треба да се заснова врз стандардизирана вежба за проценка на ризикот. Овие одлуки мора да бидат дел од сеопфатниот пристап на националните власти за спротивставување на ширењето.

а) Доброволни молитви коимуслиманите ги извршуваат ноќе после молитвата на Јација во првиот дел од ноќта. Овие молитви непрекинато се организираат за време на светиот месец Рамазан.
б) Доброволни молитви коимуслиманите ги извршуваат ноќе после молитвата на Јација, но во доцниот дел од ноќта. Овие молитви непрекинато се организираат за време на светиот месец Рамазан

Ако откажете социјални и религиозни собири, таму каде што се спроведливи, може да се користат виртуелни алтернативи користејќи платформи, како што се телевизија, радио, дигитални и социјални медиуми. Ако се дозволи да се одржат собирите и во текот на Рамазанот, треба да се спроведат мерки за ублажување на ризикот од пренесување на COVID-19.

Државните здравствени власти треба да се сметаат за главен извор на информации и совети во врска со физичката оддалеченост и другите мерки поврзани со COVID-19 во контекст на светиот месец Рамазан. Мора да се обезбеди усогласеност со наведените мерки. Верските водачи треба да бидат вклучени во рани фазина донесувањето одлуки за да можат да бидат активно вклучени во соопштувањето на која било одлука што се однесува на настаните поврзани со месецот Рамазан.

Од суштинско значењее постоењето на една силна стратегија за комуникација, за да им се објаснат на населението причините за донесените одлуки. Треба да се воспостават јасни насоки и треба да се зајакне важноста за спроведување на национални политики. Стратегијата за комуникација исто така треба да содржи проактивни пораки за здраво однесување за време на пандемии и да се пренесувапреку различни платформи за медиуми.

Сеопфатни размислувања

Совети за физичко растојание

– Практикувајте физичко растојание со строго одржување на растојание од најмалку 1 метар (3 чекори) помеѓу луѓето во секое време.
– Користете дозволени културни и религиозни поздрави кои избегнуваат физички контакт, како што се мавтање со рака или ставање рака на срце.
– Спречете голем број на луѓе кои се собираат на места поврзани со активности на Рамазан, како места за забава, маркети и продавници.

Совети за групи со висок ризик

– Охрабрете ги луѓето што не се чувствуваат добро или имаат симптоми на СОVID-19 да не присуствуваат на настаните и да ги следат државните упатства за следење и управување со симптоматски случаи.
– Охрабрете ги старите лица и секого кој има хронични заболувања (како што се кардиоваскуларните заболувања, дијабетес, хронична респираторна болест и карцином) да не присуствуваат на собири, бидејќи се смета дека се изложени на ризик од сериозна фатална болест предизвикана од вирусот СОVID-19.

Олеснителни мерки за физички собири

Следниве мерки треба да се применат за било какви собири што се одржуваат за време на Рамазан, како што се молитвите, аџилаците и заедничките оброци или банкети.

Собирни места

– Ако е можноразмислете за одржување на настанот на отворени места; во спротивно, проверете дали затворениот простор има соодветна вентилација и циркулација на воздухот
– Скратите го времетраењето на настанот колку што е можно за да се ограничи можната изложеност
– Дајте им приоритет на почести нопомали богослужби со помала посетеност, отколку да организирате големи собири

– Почитувајте ја физичката оддалеченост помеѓу присутните, како седнати, така и стоејќи, создавајќи и определувајќи фиксни места, вклучително и за време на молитвата, додека земате абдест (ритуали на абдес) во заеднички простори за миење/абдес и посветени зони за чување на чевлите.
– Прилагодите го бројот и протокот на луѓе што влегуваат, присуствуваат и заминуваат од местата на богослужба, местата за аџилак или други места за да обезбедите безбедно растојание во секое време
– Разгледајте ги мерките за олеснување на откривањето на контакти во случај кога болното лице се идентификува меѓу присутните за време на собирот.

Охрабрување за здрава хигиена

Муслиманите земаат абдест пред молитвите, што помага да се одржи здрава хигиена. Треба да се земат предвид следниве дополнителни мерки:

– Осигурете се дека објектите за миење раце се соодветно опремени со сапун и вода и обезбедуваат средства за дезинфекција базирана на алкохол (најмалку 70% алкохол) на влезот и во внатрешноста на џамиите.
– Обезбедете достапност на марамчиња и канти со капаци кои гарантираат безбедно отстранување на отпадот.
– Охрабрете ги луѓето за употребата на лични черги за молитва кои ќе бидат поставени врз теписите.
– Обезбедете визуелно прикажување на советите за физичко растојание, хигиената на рацете, етикетите за дишење и општите пораки за превенција од COVID-19.

Честопати чистете ги просторите, местата и објектите за богослужба

– Направете рутинско чистење на местата каде што луѓето се собираат пред и после секој настан, користејќи средства за чистење и средства за дезинфекција.
– Во џамијата, чувајте ги просториите и местата за абдес чисти и одржувајте општа хигиена и санитет.
– Исчистете ги предмети што често се допираат, како што се кваките на вратите, прекинувачите и ракофатите на скалилата со средства за чистење и средства за дезинфекција.

Добротворни цели

Кога верниците посветуваат посебно внимание на оние кои можат да бидат негативно погодени за време на распределбата на нивната садака или зеќат за време на овој Рамазан, разгледајте ги мерките за физичката оддалеченост кои важат во земјата. За да избегнете собирање на премногу луѓе за време на заедничките ифтари во форма на банкет, размислете да користите пакувана храна за секој поединец. Тоа може да се организира од централизирани единици и институции, кои мора да се придржуваат кон физичката оддалеченост во текот на целиот циклус (собирање, пакување, складирање и дистрибуција).

Благосостојба

ПОСТ

Не се спроведени студии за постот и ризикот од инфекција со COVID-19. Здравите луѓе треба да бидат во состојба да постат во текот на овој Рамазан како и претходните години, додека пациентите со COVID-19 треба да ги земаат предвид верските олеснувања во врска со прекин на постот во консултација со своите лекари, како што би правеле со која било друга болест.

Физичка активност

За време на пандемијата COVID-19, многу луѓе се ограничени во движењата; но, доколку ограничувањадозволуваат, секогаш вежбајте со соодветно физичко растојание и хигиена на рацете дури и за време на било каквафизичка активност. Наместо активности на отворено, се препорачуваат физички активности внатре и охрабрени преку онлајн- вежби.

Здрава диета и исхрана

Правилната исхрана и хидратацијата се неопходни за време на месецот Рамазан. Луѓето треба да јадат најразлична свежа и сурова храна секој ден и да пијат многу вода.

Употреба на тутун

Употребата на тутун, односно откажувањето е силно советувано во која било околност, особено за време на рамазан и пандемијата COVID-19. Честите пушачи можат веќе да имаат заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови, што во голема мера го зголемува ризикот од сериозната болест COVID-19. Кога пушите, прстите (а можеби и контаминираната цигара) ги допираат усните, што ги зголемува вашите шанси за внесување на вирусот во респираторниот систем. Кога се користи наргиле, може да се распрснат капки од устата, што исто така го олеснува пренесувањето на вирусот.

Поддршка за ментално и психосоцијално здравје

И покрај различната примена на практики, оваа година важно е да се уверат верниците дека сè уште можат да рефлектираат, да се подобрат, да се молат, да споделат и да се грижат – се од здрава далечина. Убедувајќи се со сигурност дека семејството, пријателите и старите лица се сè уште поврзани во светло на физичко растојание; дека е неопходно да се поттикнат алтернативни и дигитални платформи за интеракција. Обезбедување посебни молитви за болните, покрај пораките на надеж и утеха, се методи за извршување на практиките на Рамазан, додека го чуваат јавното здравје.

Одговор во ситуации на семејно насилство

Во средини каде има ограничувања во движењето, веројатно ќе дојде допораст наинциденти на семејно насилство, особено врз жените, децата и маргинализираните лица. Верските водачи можат активно да зборуваат против насилството и да обезбедат поддршка или да ги охрабрат жртвите да бараат помош.

Благодарност

Благодарност до Регионалната канцеларија на СЗО за Источен Медитеран за подготовката на ова упатство.

Референци

  1. Светска здравствена организација. Практични размислувања и препораки за верските водачи и верски заедници во контекст на публикацијата KОВИД-19, алатка за проценка на ризикот, листа на одлуки

(https://www.who.int/emergencies/diseases/novel- coronavirus-2019 / technician-guidance/ points-ofentry-and-mass-gatherings)

СЗО продолжува внимателно да ја следи состојбата за какви било промени што можат да влијаат на оваа привремено упатство. Ако дојде до промена на некој фактор, СЗО ќе издаде дополнително ажурирање на упатството. Во спротивно, ова привремено упатство ќе истече 2 години од денот на објавувањето.