Во гостиварските средни училишта матурската вечер се замени со фрлање капи

Тргнувајќи од фактот што поради пандемијата со ЦОВИД-19 годинава не беа организирани традиционални матурски вечери и церемонии, на предлог на Секторот за образование при Општина Гостивар, учениците од сите општински средни училишта, матурата ја одбелжаа со фрлање  капи.

„За да не се пропушти оваа многу важна етапа во животот на младите луѓе, им предложивме на училиштата матруската вечер да ја заменат фрлање капи, практика позната во западните земји. За да се избегне присуството на поголем број учесници, препорачавме церемониите да се одржуваат во секое училиште одделно и да бидат преземени сите мерки на безбедност во време на пандемија “, вели Алсиан Снопче, раководителка на Секторот за јавни работи.

Од страна на Општина Гостивар, на најдобрите ученици од генерацијата им беа доделени Признанија и ваучери, а свеченостите  завршија со пригодни коктели.

Служба за информирање