Исполнети се сите точки од договорот за депонијата „Русино“

14.08.2020

Барањата кои произлегоа од јавната расправа за привремено решавање на проблемот со депонијата Русино, целосно se исполнети.

Заврши инсталирањето на безбедносните камери и псотавувањето на јавно осветлување во и околу депонијата.

Сите точки од договорот за престанок на блокадата од страна на Граѓанската иницијатива „Стоп за депонијата Русино. Чист воздух во Гостивар “.

Претходно, Општина Гостивар ангажираше компании за обезбедување кои ќе бидат на должност 24 часа дневно за да спречат намерно подметнување пожар, а испратени се и соодветни барања и претставки до Владата, Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за животна средина.

Служба за информирање