Градоначалникот Арбен Таравари го прими докторантот по плазматска физика, Мухамет Алија

05.01.2021

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го пречека денес во својот кабинет Мухамет Алија, млад гостиварец, кој е на докторски студии во Институтот за технологија на висок напон и електроенергетски системи на Техничкиот универзитет во Брауншвајг.

“Грантот на Еразмус + Плејсмент му даде можност каква не му даде нашата држава, за да развие свој истражувачки проект во Универзитетот Тулуз III – ПолСабатиер. Нашата држава, а посебно  Гостивар, има потреба од повеќе квалификувани стручњаци како што е Мухамет, затоа побарав да не замине, туку да остане во родниот крај откако ќе ги заврши студиите за да даде придонес во земјава“, изјави градоначалникот Таравари.

Физичарот Алија му се заблагодари на градоначалникот Таравари за почитта и неговото ангажирање за унапредување на младите луѓе да се занимаваат со наука.
Инаку, Мухамет Алија во Истражувачкиот центар  Лаплас во Универзитетот Тулуз – III Пол Сабатиер, како дел од работната груп СКИПРА  (Наука и инженерија за реактивна плазма и лакови) – под менторстсво на проф. Јан Кресол, врши истражувања во областа на палзматска физика во ниски температури.

Служба за информирање