ОМУ “Енвер Стафаи” ја одбележа 30 годишнината од своето постоење, беа промовирани извршените инвестиции

,
Имав чест и задоволство да учествувам денес во одбележувањето на 30-годишнината од постоењето на Основното музичко училиште „Енвер Стафаи“ во нашиот град. Празникот беше двоен, затоа што заедно со учениците и наставниците ги промовиравме и работите извршени во претходниот период во ова училиште, создавајќи услови со современи стандарди.
Сакам да му се заблагодарам на управата на училиштето за сработеното, а за нивниот придонес донаторите од нашиот град кои сакаат да останат анонимни.
Ова училиште има значење за нашиот град, бидејќи го носи името на големиот композитор и уметник на албанскиот народ, Енвер Стафаи. Се надеваме дека од тука ќе излезат генерации што ќе не направат горди, како покојниот Енвер Стафаи.