Градоначалникот Таравари ja пречека американската амбасадорка Бирнс

18.02.2022
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска беше домаќин на амбасадорката на САД во Скопје, г-ѓа Кејт Мари Бирнс, при нејзината посета на Гостивар.
Најпрвин, Таравари и Бирнс се сретнаа во Општина Гостивар каде разговараа за локални проекти и актуелните состојби во државата, но и за други прашања во склоп на меѓусебната соработка.
„Ми беше посебна чест да ја пречекам денеска амбасадорката на една наша пријателска земја и стратешки партнер, г-ѓа Кејт Мари Бирнс, амбасадор на САД во Скопје. Предизвиците во новиот мандат, проектите планирани на локално ниво и актуелната политичка состојба во државата беа теми на кои разговаравме на средбата“, истакна градоначалникот Таравари, додавајќи дека оваа средба била искористена за да се разговара и за други прашања кои ги засегаат двете страни. .
Исто така, Таравари рече дека и се заблагодарил на амбасадорката за заедничките инвестиции на општина Гостивар со САД, со посебен акцент на нивната помош за општина Гостивар.
Амбасадорката на САД, придружувана од градоначалникот Таравари и претседавателот на Советот на општина Гостивар, Валбон Лимани, го посети и Центарот за млади и заедницата, каде се организираше дебата „Зборуваме за корупцијата“, како еден од проблемите што најмногу го загрижува општеството.

Служба за информирање