Средба Таравари – Велиај

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во Тирана имаше средба со првиот човек на Тирана, Ерион Велиај.

На средбата, покрај размената на искуства од различни области, се разговараше и за можноста за создавање поврзувачки мостови за стимулација и интеракција на младите од Тирана и Гостивар.

“Бидејќи Тирана годинава е прогласена за европска младинска престолнина, таа е и младинска престолнина на Гостивар“, рече градоначалникот Таравари.

Посебен фокус на средбата беше збратимувањето на училиштата, особено стручните училишта, социјалните политики како и организацијата на Гостиварската недела во Тирана и фестивалот на храна во Гостивар.

Градоначалникот Таравари на средба со претседателката на Унијата на албански општини, здружение кое го промовира доброто на секој албански град преку разни организации, саеми и работилници, понуди преку кампањата „Избери Гостивар“ и Гостивар да биде дел за да се промовира доброто на Гостивар.