Се организираат три работилници за креирање на локалната стратегија за младите на општина Гостивар

Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детко Село РСМ, Волонтерскиот центар Скопје и Форумот на жени во Тетово го спроведуваат проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија.

Целта на проектот е да се подобри квалитетот на спроведувањето на младинските политики засновани на соработка, вмрежување и суштинско учество на граѓанското општество. Во рамките на проектот започна процес на креирање локални стратегии за млади согласно Законот за младинско учество и младински политики. Во координација со локалната самоуправа ќе се креираат младински стратегии во 4 општини: Битола, Гостивар, КарпошКисе и Кисела Вода.

Согласно наведеното, Ве покануваме да учествувате на три работилници во просториите на Младинскиот ресурсен центар iCan, со работна група предвидена во процесот на креирање локална стратегија за млади за општина Гостивар, на следните датуми:

• 25.10.2022 (вторник), 12:00 – 16:00 часот
• 28.10.2022 (петок), 12:00 часот
• 1.11.2022 (вторник), 12:00 часот