Се одржа конститутивната седница на Локалното младинско собрание

Денеска во просториите на Младинскиот центар YCC во 11:00 часот се одржа конститутивната седница на Локалното младинско собрание.

Од редовите на Локалното младинско собрание беше избрана и изгласана комисија со три члена која е надлежна да го следи општиот процес на избор на членови на Локалниот младински совет.

На конститутивната седница на Локалното младинско собрание беа избрани претседавачот и уште двајца членови за Комисијата, додека мандатот на членовите на Локалното младинско собрание, вклучително и претседавачот, трае две години со право на реизбор.

Локалното младинско собрание на конститутивната седница донесе одлука за формирање на комисијата која до следниот состанок на Локалното младинско собрание треба да го подготви Деловникот за работа на Собранието.

За општина Гостивар, младите од градот и понатаму остануваат приоритет, додека Локалното младинско собрание ќе биде претставник на младите во општинските власти.