Конститутивен состанок на новиот состав на локалниот економско-социјален совет на општина Гостивар

 

На денешната седница на која присуствуваа претседавачот на Советот на општината, Валбон Лимани и Азра Садику од општината, беше именуван новиот состав на локалниот економско-социјален совет – Гостивар, како заедничко советодавно тело на општина Гостивар.

Ова тело го сочинуваат претставници на Сојузот на синдикати, Конфедерацијата на слободни синдикати, Организацијата на работодавачи и претставници од средните училишта и граѓанските организации.

Потсетуваме дека во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“, поддржан од меѓународниот центар „Олоф Палме“, организацијата Ади презеде иницијатива во соработка со општина Гостивар за повторно формирање на овaa советодавно тело.