Општина Гостивар потпиша Меморандум за соработка со Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин Скопје“

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска во просториите на општината го потпиша Меморандумот за соработка со Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Go Green Skopje“.

Меморандумот меѓу општина Гостивар и здружението опфаќа соработка во областа на младите и животната средина, вклучувајќи:
– Поддршка во спроведувањето на активностите од проектот „Млади за климатска акција и одржлив транспорт“, финансиски поддржан од Агенцијата за развој „СИДА“ од Шведска;
-Поддршка во прибирањето предлози за зелени општини и одржлив транспорт;
– Go Green поддршка во имплементација на младински проекти;
– Комуникација и транспарентност кон младите.

Општина Гостивар и понатаму останува отворена за сите невладини организации кои придонесуваат во различни сфери, додека „Go Green Skopje“, меѓу другото, ќе помогне и во вклучувањето на младите во зелената младинска политика во општината.