Таравари на Светскиот ден на аутизмот: Се чувствувам горд што Гостивар има еден од најдобрите центри на Балканот посветен на овие луѓе

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари на Светскиот ден на аутизмот истакна дека е горд што Гостивар веќе има еден од најдобрите центри на Балканот посветен на овие луѓе.

„Овој центар, кој се реализираше како проект на Општината со помош на прекрасни луѓе кои без никакво двоумење донираа пари, е најдобар пример колку многу можеме сите заедно! Нека биде Гостивар град на инспирација за сите други, бидејќи никогаш не е доволно да се помогне“, вели градоначалникот Арбен Таравари.