Општина Гостивар и Шаховскиот клуб „Гостивар“ организираа меѓуучилишeн шаховски турнир

,

Општина Гостивар и Шаховскиот клуб „Гостивар“ организираа меѓуучилишeн шаховски турнир.

65 ученици од сите гостиварски основни училишта учествуваа на меѓуучилишниот шаховски турнир организиран од локалната самоуправа во соработка со Шаховскиот клуб „Гостивар“. Турнирот се одржа во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк”. Учениците учесници одиграа седум кола до финалето.

Покрај натпреварувањето, оваа активност е од особена важност бидејќи децата излегуваат од секојдневната рутина, се дружат и се забавуваат.

Од друга страна, општина Гостивар пред извесно време организираше и обука на наставници за шах, бидејќи Министерството за образование и култура започна проект со кој шахот ќе се воведе како изборен предмет во основните училишта.