Продолжуваат инвестициите во гостиварските училишта

,

 

Општина Гостивар во соработка со Министерството за образование и наука, техничкото училиште го реализира капиталниот проект обезбеден од Светска банка, а кој изнесува повеќе од 23 милиони денари.

Проектот опфаќа целосна реконструкција на старата училишна зграда, почнувајќи од покривот, електрична инсталација, вода и парно греење, внатрешно и надворешно бојадисување и подови.

Исто така, овој проект предвидува и промена на покривот на новата училишна зграда како и комплетна нова фасада.

Стручните училишта од Гостивар се успешни приказни, по нашата посветеност на инвестициите и отворањето на нови насоки во стручните области, побарувачката во техничкото училиште е зголемена за 90% во однос на изминатите 5 години.

Инвестициите во образованието, особено во стручните училишта остануваат меѓу главните приоритети за општината.