Градоначалникот Арбен Таравари се сретна со новиот состав на Советот на млади на општина Гостивар

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска во својот кабинет го прими новиот состав на Советот на млади на општина Гостивар.

Овој Младински Совет беше избран во транспарентен и демократски процес, а за претседател беше именуван Леутрим Билали, а за потпретседател Викторија Филиповска, кои заедно со други претставници се заложиа за вклучување на младите во различни активности.

Младинскиот совет ќе има целосна поддршка од општина Гостивар за иницијативи и проекти за млади до крајот на двегодишниот мандат на овој совет.