АПЕЛ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ОПШТИНА ГОСТИВАР

Почитувани граѓани, екстремно високите температури го зголемуваат ризикот од појава и ширење на пожари на отворени површини, особено од палењето на стрништа кои влијаат и на опожарувањето на шумите. Пожарите влијаат и на загадувањето на воздухот, го уништуваат биодиверзитетот и имаат многу негативни ефекти. Ве молиме бидете внимателни за избегнување на сите можни извори на пожар! Намерното палење или пожарите предизвикани од невнимание претставуваат кривични дела и се санкционираат според законот.